Атлетската федерација на Македонија ги одбра најдобрите за 2016 година

Атлетската федерација на Македонија ги додели признанијата за најуспешните спортисти за изминатата година. Атлетичарите имаа година полна со активности, акцентот беше ставен и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, како и на голем број континентални првенства во улични трки, трки на стадион, крос трки и маратони.

Македонските атлетичари учествуваа на повеќе од 35 натпревари, срушени беа и 11 државни рекорди.

„Драго ми е што гледам еминентни личности од атлетиката овде присутни како и личности кои беа наша голема поддршка во минатата година. Морам да кажам дека 2016 година беше далеку подобра за нас споредено со 2015 година. Беше голем предизвик. Откако беше деблокирана сметката ние се соочивме со голема финансиска криза и не знаевме дали ќе можеме да ја реализираме предвидената програма. Но успеавме со помош на нашите пријатели и соработници. Македонија беше претставена во светски рамки. На атлетичарите им беа обезбедени врвни услови за подготовки и докажавме дека македонската атлетика има иднина. Оваа година за нас ќе биде историска бидејќи славиме 70 години опстојување. Се надевам дека 2017 ќе ни биде поуспешна година и дека ќе докаќеме дека атлетиката е основната база на спортот“ – истакна претседателот на атлетската федерација, Крсто Серафимовски.

ivanovski i islami

Најуспешни атлетичари за 2016 година:

Млад пионер: Владимир БитуљануМлада пионерка: Гала УрдевскаПионер: Иван ТимчевскиПионерка: Јана МитовскаМлад младинец: Милан ВељковиќМлада младинка: Бесијана МустафаМладинец: Дарио ИвановскиМладинка: Мартина МироскаТренер, поединци: Влатко Димитров, АК Охрид (постхумно)Тренер, екипно: Филип Колевски, АК КумановоНаграда за животно дело: Симеон Георгиев, Милош Буцевски

[new_royalslider id=”486″]

Се вчитува...