Барселона ја продолжи импресивната одбрана на титулата во Ла Лига откако каталонскиот гигант во петтото коло стигна до петтиот триумф, постигнувајќи четири погодоци на гостувањето против Леванте (2-4).
Атомскиот фудбал на избраниците на Ханси Флик продолжи и на овој дуел, на кој прв стрелец неочекувано беше лрвиот бек, младиот Чави Еспар, пред Ламин Јамал со два гола да донесе убедливи 0-3.
Ваквиот исход како да ги опушти каталонските фудбалери, а борбениот состав на Леванте успеа да се врати и на неколку минути до крајот намали на 2-3. Сепак, шансите за камбек од соништата на домаќините исчезнаа кога Адејеми во судиското продолжение го постави конечните 2-4, за максимални 15 бода за Барса по првите пет кола, и тоа со импресивна гол-разлика 21 постигнати и само четири примени погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
