Атракција во Париз: Рабона-асистенција на Ди Марија, ПСЖ го растури Анже (видео)

ПСЖ без проблеми стигна до полуфиналето од Купот на Франција откако вечерва лесно славеше над Анже со убедливи 5-0. Мауро Икарди ја отвори серијата голови на „Паркот на принцовите“, а ПСЖ поведе со 2-0 со автоголот на Манко по ударот на Нејмар.

Токму Нејмар го постигна третиот гол за ПСЖ во второто полувреме, а четвртиот погодок го донесе и најубавиот потег на натпреварот, Ди Марија со рабона му асистираше на Икарди кој немаше проблем да ја смести топката во мрежата.

Аргентинскиот голгетер, кој го постигна и победничкиот погодок над Сент Етјен во неделата, ја потврди одличната форма комплетирајќи го својот хет-трик со гол во судиското продолжение.

Се вчитува...