Аце Стојков ја засилува Брегалница!?

Поранешниот македонски репрезентативец Аце Стојков треба да биде најголемото засилување за Брегалница во пролетниот дел од шампионатот.

Согласно се погласните шпекулации, актуелниот напаѓач на Вардар се очекува да ги засили редовите на штипјани, доколку наредниве денови и дефинитивно се усогласи заеднички договор меѓу двата клуба. Стојков е се уште член на македонскиот шампион, но од поодамна не е во плановите на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски.

Од раководството на Брегалница потврдуваат дека се во преговори со Вардар за ангажман на Стојков, но се очекува се да биде познато до крајот на неделава.

Во меѓувреме, на тренинзите на Брегалница се приклучи уште поранешен фудбалер на тимот, Ристе Наумов кој се очекува да остане во клубот. И покрај најавите, нема ништо, пак, од враќањето на Никола Тонев. Во Брегалница, како што велат, очекуваат пристигнување и на двајца бразилски фудбалери.

Брегалница на 20. јануари ќе одигра пријателски натпревар со Работнички, по што заминува за Сандански, Бугарија, каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките.

Се вчитува...