Австралијката Кајли Мекион го урна светскиот рекорд на 100 метри грбно

Кајли Мекион ја продолжува својата серија на светски рекорди на митинзите од Светскиот куп во Будимпешта. Еден ден откако постави граница од соништата на 50 грбно, неверојатната Австралијка го постигна најдобриот резултат во историјата на двојно поголемата делница.

На целта стигна таа стигна за 57.33 секунди, што беше за 12 стотинки подобро од најдоброто време досега кое исто така беше во нејзина сопственост. Мекион е актуелен олимписки шампион на 100 и 200 грбно, светски шампион на 50, 100 и 200 метри и сопственик на сите светски рекорди од 50 до 200 метри.

Се вчитува...