Австрија без НБА-центарот, но со најдобриот стрелец против Македонија

Австрискиот селектор Арамис Наглиќ го објави скратениот список од 13 кошаркари на чии услуги ќе смета за претстојните квалификациски средби за ЕП 2029, во кои Австријците најпрвин ќе се сретнат со Кипар на 27 август, а три дена подоцна ќе ја пречекаат Македонија.

Овој дуел оправдано се смета за клучен бидејќи наша победа широко би ни ги отворила вратите кон главниот квалификациски циклус, па Австријците целосно се активираа за да спречат таков исход на дуелотт со Виена.

Затоа, на списокот на селекторот се врати најдобриот стрелец на австриската репрезентација, Богиќ Вујошевиќ, а својот камбек во наицоналниот тим ќе го има и Рашуан Мбемба, кој важи за најталентиран млад кошаркар на оваа земја и настапува во НЦАА-лигата како член на Колорадо стејт универзитетот.

Богиќ Вујошевиќ беше предводник на Австрија во мундијалските квалификации со просек од 19,8 поени по натпревар. Тој имаше проблеми со повреда, но ќе биде во комбинација за овие натпревари заедно со Ерол Ерсек, кој исто така доби зелено светло од лекарскиот тим.

Австријците имаат проблеми ако се знае дека нивниот единствен НБА-кошаркар, Јакоб Пелтл, не доби дозвола од Торонто репторс и ќе го пропушти дуелот со Македонија. Селекторот Наглиќ на располагање ќе ги нема ниту Лука Брајковиќ и Силвен Ландесберг поради повреди, а Себастијан Кеферле нема да биде во тимот поради лични причини.

„Да се состави ростерот повторно беше предизвик, но со враќањето на Вујошевиќ и на Ерсек добивме двајца значајни кошаркари кои ќе ни дадат стабилност. Остануваме лимитирани под обрачите, без Пелтл, Брајковиќ и Огунсипе, но затоа ми е многу мило што во тимот ќе го имам Мбемба. Ќе мораме да направиме одредени адаптации во играта, но верувам дека имаме доволно време за такво нешто“, изјави селекторот Наглиќ.

Се вчитува...