Машката кошаркарска репрезентација на Австрија претрпе тежок пораз од Унгарија со 107-72 на гостувањето во подготвителен пријателски натпревар. Оваа средба е дел од подготовките на Австријците за претстојниот старт на вториот претквалификациски циклус за пласман на Евробаскетот 2029 година, каде прв противник им е селекцијата на Македонија.
Австрискиот тим на овој натпревар настапи драстично ослабен. Во составот ја немаше комплетната стартна бековска линија. Овие клучни кошаркари се очекува да се приклучат на тимот веќе од утре, за кога е закажан официјалниот старт на нивните подготовки.
Утре собир ќе има и македонската кошаркарска репрезентација. Нашите кошаркари ги почнуваат тренинзите со мислите насочени кон премиерниот дуел против Австрија, кој ќе се одигра на 30 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
