Австриска доминација во слалом, Хиршер шампион, Ристевски без пласман

Марсел Хиршер ја освои третата слаломска титула во кариерата. На последниот ден од Светското првенство во Оре, Хиршер триумфираше во најтехничката дисциплина и ја предводеше австриската колонија на подиумот. Тој имаше време од 2.05.85 минути, 65 стотинки за среброто заостана Михаел Мат, а бронзата му припадна на Марко Шврц кој имаше 76 стотинки послаб резултат зад победникот.

Светски титули во слалом, Хиршер осовојуваше во 2013 во Шладминг и пред две години во Сент Мориц. За него ова е 11. медал од светските првенства, седми златен. На овој шампионат во Оре освои и сребро во велеслалом.

На трката во слалом се појави и единствениот македонски претставник, Антонио Риствески, но не го заврши првото возење и остана без палсман. Тој доби можност да се натпреварува во главната конкуренција откако беше избран од нашиот тим како претставник од четворицата кои вчера минаа низ квалфикациите.

Се вчитува...