Австриска скијачка сериозно се повреди

Талентираната австриска скијачка Катарина Галхубер сериозно се повреди на тренингот во Семеринг и за неа сезоната е завршена. Првичните лекарски прегледи покажаа дека се скинати предните вкрстени логаменти на десното колено и таа ќе мора да замине на операција, а потоа и да мине низ долг рехабилитациски процес.

Галхубер беше пријатно изненадување на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, каде освои бронза во слалом. Таа беше седмопласирана на слаломската трка во Леви, но оваа сезона веќе нема да се натпреварува.

Се вчитува...