Холандскиот супер-куп заврши во витрините на АЗ Алкмар откако овој тим во вечерашниот дуел славеше над ПСВ Ајндховен со 4-0.
Актуелниот првак ПСВ влезе како фаворит во овој натпревар, но пресудна се покажа 9. минута во која Ферман доби директен црвен картон поради удар со отворен ѓон во лицето на еден противнички фудбалер.
АЗ Алкмар знаеше да ја искористи предноста од фудбалер повеќе, на одмор замина со 1-0 со погодокот на Мердинк, а потоа во вториот дел постигна уште три гола и го декласираше големиот ривал, за конечни 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
