Бабунски: Македонија ќе ја победи Бугарија

Фудбалската репрезентација на Македонија со дуел против Бугарија во Разград ќе го стартува новото издание на Лигата на нации на УЕФА.

Напаѓачот Доријан Бабунски во изјава за бугарските медиуми вели дека Македонија ќе победи на овој меч.

„Македонија е во добра форма и очекувам да победиме. Се надевам на добра атмосфера“, вели Бабунски. 

Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија во Разград ќе се игра на 2. јуни со почеток во 18 часот.

Се вчитува...