Бабунски: Среќен сум што сега сите ја гледаат Македонија како фаворит во оваа група

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски пред новиот циклус во Лигата на Нации кажа дека овие натпревари ќе бидат искористени за подобрување на перформансите на селекцијата, како и за потврда на квалитетот.

На Бабунски му е драго што Македонија ја гледаат со фаворитска улога, нешто кое беше незамисливо пред неколку години.

„Нов предизвик, мора да го искористиме за да се развива и да го подобруваме, и да го потврдиме нашиот квалитет. Среќен сум што стигнавме јавноста да не гледа како фаворит во вакви групи, што пред неколку години не беше така. Тоа е поради перфромансите на репрезентацијата, но ние треба да се задржиме да бидеме скромни и да продолжиме да работиме.“, рече Бабунски.

Играчот од средниот ред кажа дека овие натпревари се шанса за сите кои имале помала минутажа, да добијат шанса и да ја искористат.

„Супер, одлична ситуација за оние со помала минутажа да покажат и докажат дека може да играат во репрезентацијата и сите да имаат некоја вредност“, рече Бабунски.

Бабунски кажа дека секогаш кога се игра во репрезентацијата треба да се ужива и да се носи радост на земјата.

„Огромна привилегија е ова да бидеме дел од репрезентацијата. Нашите кариери еден ден ќе завршат и мислам дека треба да уживаме во секој момент и да донесеме радост на нашата земја“, заврши играчот на Дебрецен.

Се вчитува...