Бадел донесе засилување од Канада

Најтрофејниот колектив во женската кошарка, Бадел 1862 го официјализираше трансферот на Софија Паска, кошаркарка од Канада која треба да биде големо засилување за „баделки“ за наредната сезона.

Станува збор за 27-годишна кошаркарка која настапува на позицијата центар, висока 193 сантиметри. По завршувањето на универзитетската кариера во САД таа настапувала во Данска и во Ирска, а ланската сезона ја мина во дресот на Сент Пол Киларни во ирскиот шампионат, каде имале просек од 22,6 поени и 11,2 скокови по натпревари.

“Навистина сум возбудена за оваа можност да играм за Бадел 1862! Подготвена сум да учам од големите тренери на овој клуб и да играм со многу талентираните девојки во тимот. Никогаш порано не сум била во Македонија, но нестрплива сум да ја запознам културата, традициите и да истражувам различни области на земјата. Со нетрпение очекувам да се сретнам со сите наскоро и да почнам да работам за да му помогнам на тимот да има успешна сезона!” – истакна Софија Паска по потписот на договорот со Бадел.

Се вчитува...