Бадел го продолжи договорот со Линдзи Клири

Кошаркарскиот клуб Бадел 1862 продолжува со активни подоготовки и градење на тимот за претстојната сезона, потишувајќи нов договор со една од своите најважни кошаркарки. Американката Линдзи Клири, која минатата сезона се покажа како огромно засилување во рекетот, официјално ја продолжи соработката со македонскиот вицешампион.

За нејзиниот квалитет и доминација на теренот најдобро говорат импресивните бројки од изминатата година. Клири ја заврши сезоната со извонреден дабл-дабл просек од 10,5 поени и дури 14,5 скока по натпревар, со што беше главен столб во одбраната и нападот на „баделки“.

„Возбудена сум што повторно ќе му се приклучам на Бадел и оваа сезона. Минатата сезона чувствувам дека го пронајдовме нашиот ритам како тим и завршивме силно, но останавме со „глад“ за многу повеќе. Енергијата од нашите навивачи беше неверојатна и знам дека и оваа сезона ќе се стремиме да ги направиме горди. Се радувам што повторно ќе играм за тренерот Дарко и ќе придонесам за успехот на тимот со моето искуство и натпреварувачки дух“, порача Клири.

Се вчитува...