Бадел потпиша со две Американки

Трофејниот македонски кошаркарски колектив Бадел не ја стартуваше сезоната според очекувањата, по што за очекување беше на стартот од годината да бидат ангажирани нови засилувања за овој тим да се врати во борбата за висок пласман. Во тој правец, денеска беа претставени две нови засилувања на „баделки“, и тоа Американките Дестини Томпсон и Данеја Баркли, кои до крајот на сезонава ќе го носат дресот на овој клуб.

Томпсон во сезоната 2022/23 настапуваше во редовите на ЖКК Војводина 021, Србија. Во Првата лига на Србија на 24 натпревари просечно поминуваше на терен по 21.7 минути, постигнувајќи по 8.1 поени/натпревар, 6.4 скокови/натпревар, додека во WABA лигата на 18 натпревари на терен поминуваше во просек по 23.1 минута, постигнуваше по 8.6 поени/натпревар, 6.4 скокови/натпревар.

Баркли во сезоната 2021/22 настапуваше за Villa Maria College (USCAA), кадешто на 22 натпревара во просек постигнуваше по 20.4 поени/натпревар , 8.5 скокови/натпревар.

„Возбуденa сум да патувам и да ги истражувам Македонија и градот Скопје. Со нетрпение очекувам да се сретнам со тимот, персоналот и навивачите…“, изјави Данеја Баркли по потписот на договорот со „баделки“.

Се вчитува...