Баделки го декласираа Бановиќи

ЖКК Бадел го совлада Бановиќи со убедливи 85-55 во ВАБА лигата. Победникот почна да се надѕирауште на полуврмееото кога домапната екипа имаше висок плус од 21. поен (52:31). На крајот нова победа за „баделки“ и скор (3-5) која ги носи се поблиску до првата „четворка“ во групата „А“ која ќе ги продолжи натпреварите во Суперлигата на женското издание на Јадранската лига.

Александра Стојановска имаше одлично прво полувреме кое го заокружи со реализација на 20 поени. Репрезентативниот бек на Бадел 1862 имаше 4/5 во шутот за три, и 3/4за оние кои вредат по два поени. Освен тоа имаше и три освоени топки и две блокади. Но, имаше одлична поддршка и од другите кошаркарки од стартната петорка која ја извади тренерот Перо Стамески. До истекот на првата четвртина нашиот претставник веќе имаше и 21. поен предност (32:11), каја задржа до одморот.

Во продолжението од играта, Стојановска продолѓж да го полни кошот на противникот. Домашниот тим направи нова серија, сега од (13-2) кога ги симна сите дилеми, ако воопшто и постоеја околу конечниот победник. По пет минути игра од третата четвртина, Бадел 1862 дојде до недостижни (65:33). А скоро половина од поените – 30, беа дело на Стојановска.

Во наредното 9. коло, на 8. декември, Бадел 1862 му гостува на тимот на Пламен во Пожега. А се чини дека решавачкиот меч за премин во следната фаза, ги чека на 15 декември кога на домашен терен го дочекуваат белградски Партизан.

Се вчитува...