Баделки поразени и од Орлови

Женскиот кошаркарски вицешампион на Македонија, Бадел загуби на последниот домашен натпревар во ВАБА лигата сезона од Орлови со 65-70. По првата четвртина која „баделки“ ја добија со 14-11, тимот од Босна и Херцеговина презеде иницијатива и со одлична игра во продолжение успеа да стигне до нова победа во регионалното натпреварување.

Најдобар поединец кај Бадел беше Цветанка Димова со 22, додека кај победникот се истакна Собот со 21 поен. За Бадел 1862 ова беше единаесетиот пораз по кој се уште е на дното на табелата. За екипата на Орлови ова беше шестата победа сезонава во завршниот дел од натпреварувањето со која останува кандидат за едно од првите четири места на табелата.

До крајот македонскиот вицешампион го очекуваат уште мечот на гостински терен против Триглав.

Се вчитува...