Бадминтон: Живковски најдобар во сингл, Стојанов и Пејовски одличен тандем

Петар Живковски е победник во сингл конкуренција, а приматот во двојки им припадна на Стојанов и Пејовски во првото коло од државното првенство на Македонија во бадминтон за сезоната 2019/2020 кое изминатиот викенд се одржа во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ при ООУ „Круме Кепески“ во нас. Кисела Вода.

Учество земаа натпреварувачи од 7 клубови: БК „Оникс“, БК „ВИП“, БК „Победа“, УСК „Ѓорѓи Димитров“, УСК „Владо Тасевски“, БК „Инекс“ и УСК „Браќа Миладиновци“ со вкупно 153 натпреварувачи. Натпреварите се одржаа на 5 терени во сите дисциплини сингл, дубл и мешани двојки во 6 возрасни категории.

На истото по категории се постигнати следните резултати:
У9 МС прво место за Андреј Цубалевски;
У9 МД првото место го освоија Виктор Поленак и Андреј Цубалевски;
У9 ЖС прво место за Софија Шашкова;
У11 МС прво место за Лука Стефановски;
У11 ЖС прво место за Ивана Николовска;
У11 МД прво место за Лука Стефановски и Јован Павловски;
У11 ЖД прво место за Матеа Павловска и Теодора Павловска;
У13 МД прво место за Дамјан Попов и Петар Цоњковски;
У13 ЖС прво место за Неда Илиева;
У13 Микс прво место за Вероника Коруновска и Горазд Чобанов;
У13 ЖД прво место за Ивана Трпевска и Јана Белева;
У13 МС прво место за Никола Шашков;
У15 МС прво место за Далибор Аврамовски;
У15 ЖС прво место за Ивана Ристевска;
У15 МД прво место за Далибор Аврамовски и Никола Кузмановски;
У17 МС прво место за Леонид Стојанов;
У17 ЖС прво место за Елена Ристевска;
У17 ЖД прво место за Елена Ристевска и Ива Стефановска;
У17 МД прво место за Иван Пејовски и Леонид Стојанов;
У19 МС прво место за Стефан Јанев;
Сениори МС прво место за Петар Живковски
Сениори МД прво место за Леонид Стојанов и Иван Пејовски;

Се вчитува...