Бадоса и Циципас повеќе не се заедно

Шпанската тенисерка Паула Бадоса на својот инстаграм профил потврди дека ја раскинала врската со грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Тие беа заедно од  летото минатата година, а на дел од турнирите играа заедно во мешани двојки.

Веста за раскинување е изненадувачка, бидејќи до пред некој ден објавуваа заеднички фотографии како на улиците на Мадрид разменуваат нежности.

„После големо размислување и многу драгоцени моменти заедно, решивме пријателски да ги разделиме нашите патишта. Споделивме пат полн со љубов и учење и сега, како пријатели со голема почит, решивме да продолжиме секој сам по својот пат“, напиша Бадоса.

Се вчитува...