Баерн и натаму бара голман: Нивниот член не сака да се врати во Минхен

Баерн Минхен и натаму е во потрага по голман, како замена за Мануел Нојер кој ќе паузира до крајот на сезоната откако ја скрши ногата на скијање.

Александар Нибел, голманот на „Баварците“ кој настапува како позајмен во Монако, нема да се врати во Минхен. Тој истакна дека не гледа причина зошто би се вратил во тимот, и покрај тоа што е јасно дека ќе брани со оглед дека Нојер ќе го нема до крајот на сезоната, а не е познато управата на Баерн како ќе реагира и кога ќе се врати со оглед дека се бесни поради тоа што ја доживеал повредата на скијање.

„Нема смисла да се вратам во Баерн. Не знам колку е сериозна повредата на Нојер, но мислам дека до лето ќе се врати целосно. Му држам среќа да се врати побрзо“, рече Нибел.

Тој кажа дека е многу среќен во Монако и што добива минутажа.

„На крајот на краиштата Монако го има последниот збор, затоа што јас имам договор. Прво треба да се изјаснат што сакаат. Се чувствувам добро, јас им верувам, и тие ми веруваат на мене“, рече Нибел.

Се вчитува...