Баерн ја казни својата незадоволна ѕвезда, но поради алкохол

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман потврди дека клубот новчано го казнил фудбалерот Бенџамен Павар поради возење под дејство на алкохол. Токму Павар беше еден од стрелците на мечот со Интер во Лигата на шампионите.

После натпреварот Нагелсман одговараше на прашања околу Павар. Французинот пред неколку дена јавно го искажал своето незадоволство од статусот во екипата, а тренерот на Баварците рече дека му е одземена возачката дозвола откако бил приведен поради управување под дејство на алкохол.

„Мислам дека клубот реагираше на вистински начин. Тој ја увиде грешката. Кога работите ќер се случат, морате да ги пуштите малку да легнат. Добро е што е применета потребната казна“, рече Нагелсман. 

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ го потврди инцидентот, изјавувајќи дека тој се случил уште пред два месеци.

Во понеделникот веднаш по натпреварот со Мајнц, на првиот тренинг на „Баварците“, Павар наводно предвреме си заминал од подготовката, незадоволен поради тоа што се нашол на клупата на последните два меча во Бундеслигата.

Се вчитува...