Баерн Минхен без проблеми против „нисколигашот“ Викторија Келн

Фудбалерите на Баерн Минхен без големи проблеми го поминаа првото коло во германскиот национален куп.

Баварците на стартот од ова натпреварување славеа на гостувањето кај „нисколигашот“ Викторија Келн со 0-5.

Водство за гостинскиот тим од 0-1 донесе Гравенберх во 35. минута, а до крајот на првиот дел беше и 0-2 со погодокот на Тел. Во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа и Мане, Мусиала и Горецка.

 

Се вчитува...