Несогласувања во Баерн Минхен, „жртва“ беше тренерот на голманите

Тони Тaпаловиќ, тренерот на голманите на Баерн Минхен заминува од клубот после 11,5 години минати во таборот на „Баварците“. Хрватот долго време се грижеше за чуварите на мрежата на најтрофејниот германски тим, и со екипата освои се што можеше да се освои, а во меѓувреме создаде и нераскинлива врска со Мануел Нојер, кому му беше и кум на свадбата.

Тренерот Јулијан Нагелсман во неколку наврати се жалеше дека информации од стручниот штаб протекуваат кај фудбалерите, а потоа и во јавноста, заканувајќи се дека „шпионот“ ќе добие отказ веднаш штом биде откриен. Според германските медиуми,. толку Тапаловиќ бил човекот од кого протекувале информациите, најпрвин до Нојер, а потоа и до останатите клучни играчи во Баерн.

Откако тоа било обелоденето, следела бурна расправа која резултирале со разделба од тренерот на голманите, по што следеше емотивна порака од Нојер до Тапаловиќ.

„Драг Тони, денеска е крај на една ера во Баерн Минхен. Со тебе 11,5 години од клубот заминува не само апсолутен пионер на модерното голманство, туку пред се голем човек. Сите знаеме дека успесите немаше да бидат можни да не беше ти. Не помалку важно, ме подигна мене на едно високо ниво. Ќе ми недостасуваш“, стои во објавата на Нојер.

Неофицијално, по ангажманот на Зомер сериозно виси и иднината на Нојер од кого управата е незадоволна поради непрофесионалниот однос, па лесно може да се случи германскиот репрезентативец летово да си замине од „Алијанц Арена“.

Се вчитува...