Баерн Минхен и врати на Барселона „мило за драго“ – талентот на каталонците е нов фудбалер на баварците

Барселона успеа да ја добие битката со Баерн Минхен за услугите на Роберт Левандовски, но герамнскиот состав бргу возврати „мило за драго“, привлекувајќи го големиот талент на каталонците, Адам Азну на „Алијанз Арената“.

Станува збор за 16-годишен фудбалер кој ја покрива левата бековска позиција и е „прозивод“ на познатата младинска школа на Барселона, Ла Масија. Младиот Шпанец беше трансфер цел на неколку европски гиганти ова лето, но се одлучи за премин во Баерн Минхен.

„Баерн Минхен изрази голем интерес за мене. Многу сум среќен поради овој потег и се радувам на тоа што школувањето ќе го продолжам во овој голем клуб“, изјави Азну на промоцијата во новиот клуб.

Се вчитува...