Баерн Минхен полека го губи трпението со Роберт Левандовски, а и Полјакот е расположен за преселба па се поизвесно е дека ќе биде ставен крај на една ера. Голгетерот е дел од баварскиот состав од 2014 каде се наметна како еден од најдобрите играчи кои го носеле „црвениот дрес, но при крајот на кариерата бара нов предизвик.
Триесетитригодишникот веќе неколку месеци води преговори со Барселона, а според германските медиуми за неговите услуги каталонскиот тим ќе мора да издвои 40 милиони евра. Истата не треба да претставува проблем ниту за Шпанците кои ги надминаа финансиките проблеми па се подготвено за спектакуларен трансфер ова лето.
Идеална замена за Левандовски во Минхен беше Ерлинг Халанд, но по ангажманот во Манчестер Сити, погледите баварците ги насочија кон голгетерот на Ајакс, Себастиен Халер кој интересно е и трансфер цел на ривалот Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА