Баерн Минхен ја поддржува идејата за плеј-оф во Бундес-лигата

Германците се загрижени затоа што фудбалската Бундес-лига е се помалку гледана, и се помалку неизвесна, со оглед дека Баерн Минхен доминира како никогаш досега. Затоа се размислува за воведување на плеј-оф кој ќе решава за битката за титулата. Директорот Оливер Кан зборуваше на оваа тема.

„Возбуден сум што се размислува за нови модели, како што се доигрување и плеј-оф во Бундес-лигата. Формат доигрување со полуфинале и финале значително би било возбудување за навивачи. Впрочем, тој формат се чека и во Лигата на шампионите во 2024 година, и очекуваме многу од него. Има смисла да се игра со таа идеја. Во Баерн сме отворени за нови идеји“, рече Кан.

На Баерн Минхен му одговара овој сегашниот модел, затоа што доминира со Бундеслигата од 2013 година, а на добар пат е и оваа сезона да ја освои титулата.

Со плеј-оф се отвора можност некој друг да биде шампион.

„За ваква важна одлука треба да има интензивен и структурен дијалог со релевантни луѓе, и да се земат во предвид сите аргументи“, вели портпаролот на Бундес-лигата.

Се вчитува...