Баерн Минхен потпиша професионален договор со 17-годишниот Аријoн Ибрахимовиќ, тинејџерот кој игра во одлична форма за резервниот тим на баварскиот гигант.
Презимето веднаш паѓа во очи, но мора да се споменe дека Аријон не е во роднинска врска со Златан „Ибракадабра“ Ибрахимовиќ. Младиот играч е роден во Германија во 2005 година и кариерата ја почна во Гројтер, од каде пред четири години се пресели во Баерн Минхен.
За разлика од Златан, Аријон Ибрахимовиќ игра во средниот ред на својот тим, но одлично се снаоѓа таму и со добрите игри го привлекол вниманието на Јулијан Нагелсман. Токму тренерот на првата екипа на Баерн инсистирал да биде потпишан професионален договор со Ибрахимовиќ, кој наредното лето би можел да биде приклучен на подготовките со најголемите ѕвезди на баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА