Кристијано Роналдо неодамна го прекина договорот со Манчестер Јунајтед и сега е слободен да ја бира новата средината. Португалецот инсистира на останување во Европа каде се водат преговори со неколку гиганти, но јасно е дека тоа нема да биде Баерн Минхен откако Оливер Кан ја отфрли можноста за негов ангажман.
Извршниот директор на баварците вели дека тимот го цени Роналдо, но исто така има и јасна стратегија во која 37-годишниот Португалец не се поклопува.
„Можам да кажам дека нема да тргнеме по Кристијано Роналдо. Размислувавме за тоа, сите го сакаме Роналдо, но стратегијата ни е поинаква. Имаме јасна идеја, филозофија на која ќе го темелиме тимот и нема да продолжиме со преговорите со Роналдо“, вели Кан.
Баерн Минхен и Роналдо се поврзуваа и во текот на летото, но исто така тогаш германскиот гигант одолеа на неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА