Баерн Минхен призна: Преговаравме со Халанд

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ откри дека германскиот првак подготвувал нов сензационален трансфер во тимот од Борусија Дортмунд, со тоа што преговарал со Ерлинг Халанд.

Халанд изминатите две години ги мина во Дортмунд, а летово се пресели во Манчестер Сити. Иако долго време беше поврзуван со големите клубови, на крајот се одлучи за Сити, каде што играше и неговиот татко. Потпиша петогдишен договор со обесштетување од 60 милиони евра.

„Не е тајна дека преговаравме. На крајот тоа не успеа до разни причини. Не сакам да го обвинувам играчот. Избра опција која по неговото мислење е најдобра за него“, рече Салихамиџиќ. 

Халанд е голем навивач на Сити, и го одбрал тимот кој го сака. Додека беше дел од Борусија, неколку пати е забележан тајно во Минхен, и уште тогаш се претпоставуваше дека преговара со Баерн. На крајот, на радост на навивачите на тимот од Дортмунд, се одлучил да замине во Англија.

Се претпоставува дека токму преговорите со Халанд, го натерале и Роберт Левандовски да побара трансфер и на крајот да замине во Барселона.

Се вчитува...