Баерн Минхен е задоволен од работата на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, па му даде нов договор со траење до 2026 година. Ова е одлуката на надзорното тело на „Баварците“ кое одлучи останување на првиот човек задолжен за доведување на засилувања во екипата.
Салихамиџиќ е на позицијата од 2017 година, во неговиот мандат Баерн ги освојува титулите во Германија, стана и европски првак, па тоа беше доволна причина да му се продолжи договорот.
„Во текот на минатитите години Салихамиџиќ одлично работеше за клубот. Константно нашиот спортски колектив има напредок како во првиот тим, така и во младинскиот погон, а се грижи и за финансиите. Тој претставува ДНК на Баерн и уверени сме дека со него ќе продолжиме со одличните резултати“, рече претседателот на германскиот клуб, Херберт Хајнер.
Салихамиџиќ истакна задоволство од новиот договор.
„Благодарност до челниците на довербата, и на поддршката. Го сакам Баерн, а Минхен е мој дом и задоволен сум што ќе ја продолжиме нашата соработка до 2026 година“, рече Салихамиџиќ.
📰 The FC Bayern München AG supervisory board today agreed to extend sporting director Hasan Salihamidžić’s contract by three years until 30th June 2026.
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) August 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА