Баерн најде решение за проблемот со голманската позиција

Баерн Минхен е принуден да ангажира нов голман во јануарскиот преоден рок, по тешката повреда што Мануел Нојер ја заработи по завршувањето на настапот на СП во Катар. Искусниот чувар на мрежата ја скрши ногата на скијање и дефинитивно нема да биде во комбинација за настап до крајот на сезонава, поради шти баварскиот гигант ќе мора што поскоро да донесе нов чувар на мрежата.

Изборот падна врз Кејлор Навас, костариканскиот голман кој е дел од тимот на ПСЖ, но сезонава е целосно во сенка на Донарума. Навас во текот на летото беше поврзуван со Наполи, но тој трансфер не се реализираше, по што овој голман остана на „Паркот на принцовите“ греејќи ја клупата кај тренерот Галтие.

Екс-голманот на Реал Мадрид се наоѓа на залезот на кариерата и би прифатил договор на една и пол година, опција што му одговара и на Баерн, со тоа што дури може да се договори со ПСЖ за позајмица за првите шест месеци. Преговорите се во тек и се очекува да бидат финиширани успешно до крајот на сезонава, за Навас веќе од 1 јануари да се пресели на „Алијанц Арена“.

Се вчитува...