Баерн не успеа до „цел плен“ против Лајпциг во дербито на Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен ремизираше (1-1) на гостувањето против Лајпциг во дербито на 16. коло од Бундеслигата.

Баварскиот тим поведе во 37. минута од средбата со голот на Чупо-Мотинг.

Но, домашните успеаја да дојдат до бод израмнувајќи за конечни 1-1 со голот на Халштенберг во 52. минута од средбата.

Баерн Минхен е на врвот од табелата, сега со 35 бода, пет повеќе од второпласираниот Фрајбург. Лајпциг е на третото место со 29 бода.

Се вчитува...