Баерн неколку недели без капитенот: Нојер имаше успешна операција на коленото (ФОТО)

Првиот голман на Баерн Минхен и воедно капитен, Мануел Нојер имаше успешна операција на десното колено. Актуелниот германски првак објави дека Нојер морал да замине под нож, па сега некое време нема да му биде на располагање на тренерот Јулијан Нагелсман.

Баерн информираше дека германскиот репрезентативец ќе мора да паузира, односно дека го чека пауза од неколку недели.

„Сите ние во клубот и тимот му посакуваме на Мануел добро и брзо закрепнување и сигурни сме дека наскоро ќе се врати во полна форма“, изјави директорот Хасан Салихамиџиќ.

Нојер минатиов викенд испиша историја во Бундеслигата, се израмни по бројот на победи со легендарниот Оливер Кан со по 310 триумфи.

 

 

 

 

Се вчитува...