Баерн одлучи: Нема да купува „шпиц“ до лето, ќе се потпре на Милер и Чупо-Мотинг

Баерн Минхен одлучи да ја сопре потрагата по напаѓач во јануарскиот преоден рок, и да ја продолжи по завршувањето на сезоната. Иако беше актуелно дека ќе го ангажира Хари Кејн, сепак, до тоа веројатно нема да дојде.

Од „Баварците“ одлучиле да го играат Томас Милер како напаѓач заедно со Ерик Максим Чупо-Мотинг. Според германските медиуми, покрај Кејн, во опција за нападот на Баерн се уште и Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах и Никлас Филкруг од Вердер Бремен.

Сега приоритет за Баерн е да најде голман, замена за Мануел Нојер кој ја скрши ногата на скијање. Во опција се неколку имиња меѓу кои и Мартинез и Боно, но најверојатно Јан Зомер ќе пристигне како засилување на Баерн на голманската позиција.

Се вчитува...