Баерн со пресврт во вториот дел го совлада Гројтер (ВИДЕО)

Баерн Минхен со четири гола во вториот дел, ги освои сите три бода во дуелот со Гројтер Фурт на домашен терен.

„Фенерџијата“ беше пред сензација откако водеше по првиот дел преку Хргота во 43. минута. Меѓутоа во вториот дел Левандовски во 47. минута успеа да израмни. Во 61. минута автогол на Гриесбек донесе радост за домашниот тим. Левандовски во 82. минута со втор гол донесе 3-1, додека Чупо-Мотинг стави точка на триумфот во 91. минута.

Баерн така стигна до 18 победа, и ја задржа предноста пред Борусија Дортмунд. Ако вечерва „киксне“ Дортмунд, тогаш разликата ќе остане девет бода, колку што изнесува во моментов.

Се вчитува...