Баерн убедливо преку Мајнц до четвртфинале во Купот на Германија (ВИДЕО)

Баерн Минхен без никакви проблеми се пласираше во четвртфиналето во Купот на Германија по убедливата победа од 0-4 на гостувањето против Мајнц во осминафиналната пресметка.

Баварците победата ја најавија уште во 17. минута со голот на Чупо-Мотинг, за да веќе во 30. минута Мусиала зголеми на 0-2. До полувремето со голот на Сане во 44. минута веќе беше 0-3.

Конечните 0-4 ги заокружи Алфонсо Дејвис со голот во 83. минута од натпреварот.

Во четвртфиналето Баерн Минхен ќе се соочи со екипата на Лајпциг која претходно го елиминираше Хофенхајм победувајќи со 3-1.

Се вчитува...