Баерн во „паника“, Левандовски се повреди на тренинг

Баерн Минхен во последно време не бележи добри резултати во Бундеслигата, а по двете „ремија“ по ред, му дозволија на својот ривал Борусија Дортмунд колку толку да намали од разликата која изнесуваше девет бода.

Меѓутоа поголема грижа за „Баварците“ е денешната повреда на Роберт Левандовски. Полскиот голгетер самиот се повреди при еден шут, па така веднаш го напуштил тренингот и се упатил кон медицинскиот центар на доплнителни прегледи.

Евентуално неиграње на Левандовски, би значело голем хендикеп за лидерот во Бундеслигата, како во Германија, така и во Лигата на шампионите каде што Баерн се пласираше во 1/4 финалето по победата над Салцбург, во меч во кој токму Левандовски постигна три гола.

Се вчитува...