Баерн за преговорите со Левандовски: Да се фокусираме на одлучувачката фаза од сезоната

Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан ги потврди информациите дека тимот наскоро ќе преговара со Роберт Левандовски за нов договор. Актуелниот договор е до 2023 година, но „Баварците“ имаат желба тој да остане, додека се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

„Веќе неколку пари реков дека сакаме да преогвара со некои играчи кои сакаме да останат, меѓу кои и Роберт, но сега почнува одлучувачката фаза од сезоната и сакаме да бидеме 100% на тоа. Секој натпревар за нас е финале“, рече Кан.

Левандовски дојде во Баерн во 2014 година од Борусија Дортмунд, и веќе ги сруши сите рекорди на постигнати голови во Бундеслигата и во таборот на „Баварците“.

Се вчитува...