Бајрами: Честитки до Шкупи за титулата, но утре сакам победа на Македонија ЃП

Македонија ЃП утре гостува на „Чаир“, на сега веќе новиот шампион Шкупи. „Лавовите“ и натаму се во битка за излез во Европа. Иако имаат шанса преку Купот, сепак, Македонија ЃП сака да го реши прашањето преку првенството, и растоварено да влезе во битка за трофејот за Купот на Македонија во финалето со Силекс.

Во фокусот на вниманието се очекува утре да биде Мухарем Бајрами, тренерот на Македонија ЃП кој што самиот потекнува од фудбалската школа на тимот од Чаир, беше кратко и тренер на екипата, а сега ќе игра против „своите“.

„Не’ очекува тежок дуел против веќе новиот шампион на кој сакам да им ја честитам титулата. Јас се вракам во мојот Чаир каде сум поминал голем дел од кариерата и имам само убави спомени и како играч и како тренер, но сега во друга боја и секако дека размислувам само на триумф и продолжување на битката за излез во Лигата на Конференции. Уште еднаш на Шкупи им ја честитам титулата а на утрешниот натпревар посакувам победа на Македонија ЃП“, вели Бајрами.

Се вчитува...