Бајрами: Многу долго паузиравме, ќе мора да се поправат некои нешта за Европа

Во вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Охрид, Шкупи загуби минимално со 1-0 од Ренова.

По првиот тест на кој чаирчани славеа со 3-1 против второлигашот Охрид, сега шефот на стручниот штаб, Муарем Бајрами лоцираше и недостатоци во играта кои ќе треба да се корегираат пред настапот во квалификациите за Лигата на Европа.

„Со оглед дека се наоѓаме во подготвителен период задоволен сум од играта на фудбалерите без разлика на поразот. Одигравме добар натпревар, креиравме доста шанси а од едно мало невнимание примивме погодок. Видовме до каде сме и каде грешиме. Треба да се поправат некои работи за настапот на европската сцена, но за тоа е потребно време бидејќи сите паузиравме доста долго“ – вели Бајрами.

Се вчитува...