Бакр Абделаоуи и Андија Секулиќ нови засилувања на Академија Пандев

Бакр Абделаоуи и Андија Секулиќ се новите засилувања на македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев. Абделаоуи игра на позицијата лево крило, а бил дел од младинската школа на Хетафе. Во кариерата настапуваше за Легањес и Алкоркон.

Од друга страна Секулиќ кој е централен дефанзивец доаѓа од тимот на Слога Кралјево.

„Бакр Абделаоуи и Андија Секулиќ ја засилуваат Академија Пандев. Бакр игра на позицијата лево крило и има 24-години. Ја има поминато младинската школа на Гетафе, а во својата сениорска кариера има настапувано за вторите тимови на Легањес и Алкоркон, а во Академија Пандев доаѓа од тимот на Љунгскиле од Шведска. Секулиќ има 19 години и игра на позицијата централен дефанзивец. Последен клуб за кој настапувал е тимот на Слога Краљево. И двајцата фудбалери се со тимот од почетокот на подготовките и веќе имаат одиграно неколку пријателски натпревари, па стручниот штаб даде зелено светло за нивен ангажман“, стои во соопштението од тимот од Струмица. 

 

 

Се вчитува...