Балардини: Пандев е извонреден, секогаш има идеја што со топката

Горан Пандев одигра извонреден натпревар за Џенова против Лацио, постигнувајќи гол против својот поранешен клуб среде Рим. На адреса на Пандев по мечот стигнаа комплименти од разни страни, а нагласен во пофалбите за Македонецот беше неговиот тренер Давиде Балардини.

„Пандев е извонреден фудбалер, тоа го знаев и од претходно, а само го потврди со својот настап против Лацио. Во секој момент има идеја што да направи со топката, како да го проигра во вистински момент својот соиграч. Тој многу му помага на целиот тим и мене ми е мило што го имам во Џенова“ – изјави Давиде Балардини по натпреварот.

Трите бода од Рим се огромни за Џенова во обидот за бегство од опасната зона, но Балардини ги предупреди своите фудбалери дека биттката за опстанок воопшто не е завршена.

„Игравме одлично, делувавме како тим цели 90 минути и победивме против еден од најдобрите тимови во Италија. Имаме причина за радост, но ќе мора експресно да заборавиме на оваа победа и да се насочиме кон следните предизвици, бидејќи опстанокот се уште не е обезбеден“ – порача Балардини.

Се вчитува...