Балдовалиев донесе триумф за Академија Пандев

Академија Пандев ја совлада Победа со 1-0 во првиот меч од 32.коло од Првата фудбалска лига. „Пандевци“ поведоа уште во втората минута со голот на Зоран Балдовалиев и успеаја да ја одржат минималната предност до крајот на дуелот.

По овој триумф, Академија Пандев побегна подалеку од опасната зона на табелата и сега со 39 бода ќе има многу помирна завршница на шампионатот.

Се вчитува...