Балкански инает – Американец на српски ги опиша епските победи на Ѓоковиќ

Американскиот новинар Адам Маерс кој ги следи настапите на Денвер Нагетс во НБА лигата ги воодушеви светот со објавата на Твитер посветена на Новак Ѓоковиќ.

Маерс, кој последните години ги прави главните интервјуа со Никола Јокиќ виде „твит“ кој гласи: „Како да им кажам на внуците дека Новак ги освоил овие четири „грен-слема““. Тоа беше напис под кој беа поставени фотографии од „грен-слем“ дуели во кои Ѓоковиќ бил на работ на поразот, но успеал да се извлече и на крајот да триумфира. Маерс сето ова го објасни со само еден збор кој е познат само на балканскиот полуостров „Инает“.

 

Се вчитува...