Барди под истрага за факсилфикувана возачка дозвола, тој вели се е легално

Енис Барди беше дел од историскиот успех на македонската репрезентација на гостувањето против Германија, но веднаш по заминувањето назад во Шпанија нашиот ас се соочи со сериозен проблем – откако беше отворена истрага против него за поседување на фалсификувана возачка дозвола.

Барди бил запрен од полицијата, по што им ја дал возачката дозвола на службените лица, кои се сомневале дека станува збор за фалсификат.

Фудбалерот на Леванте денеска се јави со соопштение, информирајќи дека возачката дозвола му е легално извадена во Македонија.

„Валидна и издадена од службите во мојата земја е возачката дозвола која ја покажав на службениците во текот на вчерашниот ден. Во денешните утрински часови ја проследив целата документација во локалната полиција, воедно истата издадена од страна на Министерството за внатрешни работи на Македонија кое ќе соработува со шпанските власти. Целта е со оваа документација да се разјасни конфузната ситуација која настана“, објави Барди.

Се вчитува...