Барди „решета“ на тренинг пред Реал Мадрид (видео)

Енис Барди беше асистент на последниот дуел од Примера дивизион, па се очекува да биде стартер на Леванте на утрешниот дуел против Реал Мадрид. Максимално мотивиран, Барди со нетрпение го очекува мечот со „кралскиот клуб“, па Македонецот ги местеше нишанските справи на денешниот тренинг пред пресметката со актуелниот европски првак.

Барди решеташе беспрекорно на тренингот, па сигурно со нетрпение ќе очекува шанса и против Кејлор Навас да ги покаже своите вонсериски квалитети при изведувањето на слободни удари. Само за потсетување, тој сезонава веќе постигна три погодоци од вакви ситуации, бројка што ќе се обиде да ја зголеми токму против актуелниот европски првак.

Се вчитува...