Барди скромен по одличниот меч: Јас сум само среќен кога му помагам на тимот…

Mакедонскиот репрезентативец Енис Барди игра во извонредна форма во финишот на сезоната во Ла Лига. Својот јубилеен 100-ти настап во дресот на Леванте во шпанската Ла Лига го круниса со два гола во победата над Селта Виго од 2-3.

Сепак, онака скромен како и секогаш, Барди по натпреварот потенцираше дека и покрај двата гола најважно е секој меч да напредува.

„Дојдовме во Виго по неколку натпревари на кои имавме потешкотии. Покажавме дека сме подготвени за борба до самиот крај. Среќен сум бидејќи можам да му помогнам на тимот. Мислам дека можам се уште да се подобрувам и да добиваме мечеви. Головите се најмалку важни…“, изјави Барди. 

Токму по одлично одиграните последни натпревари, Енис Барди е на мета на премиерлигашот Арсенал кој е подготвен за нашиот репрезентативец да плати 20 милиони евра. Но, како што е познато, за неговите услуги е заинтересирана и италијанската Фиорентина.

Се вчитува...