Барди со супер најава за дербито Леванте – Валенсија: Ова е град што мотивира

Леванте утре ќе ја пречека Валенсија во градското дерби од 27. коло во шпанската Ла лига. Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше чест да го најави дербито велејќи дека животот во Валенсија е прекрасен.

„Ова е град што мотивира. Четврта година живеам во Валенсија, животот е прекрасен, нуди многу можности, а и фудбалот е страст што плени да се заљубите во овој град. Верувам дека утрешното дерби ќе донесе нова возбуда иако за жал ќе ги нема навивачите на трибините“, вели Енис Барди.

 

 

Се вчитува...