Барди: Тешка ноќ е зад нас, но гордост е да се биде дел од оваа фантастична група

Фудбалската репрезентација на Македонија потфрли на последниот чекор на патот кон Мундијалот во Катар, откако синоќа загуби на гостувањето кај Португалија во финалето на баражот со 2-0.

Еден од најдобрите македонски фудбалери во овој циклус беше Енис Барди. Тој на својот инстаграм профил напиша дека и покрај тешката ноќ и поразот од Португалците, гордост е да се биде дел од оваа фантастична група.

„Тешко беше синоќа. Но, гордост е да се биде дел од оваа фантастична група. Поголеми успеси ќе дојдат“, објави Барди.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)

Се вчитува...