Барса без Луис Суарез во финалето од Копа дел реј

Барселона ќе биде значително ослабена за претстојното финале од Копа дел реј против Алавес откако беше обелоденето дека Луис Суарез нема да може да го предводи нападот на каталонскиот гигант на оваа средба. Суарез се повредил за време на вчерашниот тренинг на Барселона, а денешните детални лекарски прегледи покажаа дека станува збор за истегнување на мускулот, поради што на одличниот голгетер му е препорачана целосна пауза од фудбалски активности во следните петнаесет дена.

Ова значи дека Уругваецот најпрвин ќе го пропушти финалето од Копа дел реј што е закажано за в сабота, а потоа и претстојните пријателски натпревари за Уругвај против Република Ирска и Италија, закажани за 4 и за 7 јуни.

Луис Суарез сезонава настапи на 51 натпревар за Барселона, постигнувајќи 37 погодоци. Тој беше стрелец на 29 гола во Примера дивизион, што е второ најдобро остварување во лигата, зад Лионел Меси и неговите 37 гола во елитното шпанско фудбалско друштво.

Се вчитува...